Група граѓани под мотото „Скопје не е Дизниленд“ протестираше против изградбата на панорамско тркало во Скопје.
Незадоволните граѓани излегоа на плоштадот Македонија за да кажат стоп за изградбата на панорамското тркало.
Граѓаните се собраа кај Камениот мост, при што од протестот беше упатена порака дека во услови на сиромаштија и ниски примања треба да се прекине со проектот „Скопје 2014“.
„’Скопје не е Дизниленд’ е граѓанска иницијатива од група граѓани, формирана затоа што постои отпор за сите овие згради од Скопје 2014, особено за Панорамското тркало, затоа што тоа е последната капка во чашата“, истакна Сања Михајловиќ од граѓанската иницијатива „Скопје не е Дизниленд“.
Панорамското тркало се гради помеѓу Камениот мост и Галијата на реката Вардар и ќе чини 18 милиони евра.