Насловна / Вести / Протест на илјадници луѓе поради само една реклама на Сиднејската опера

Протест на илјадници луѓе поради само една реклама на Сиднејската опера

Вчера илјадници демонстарнти се собраа пред прочуената Сиднејска опера да протестираат против употребата на наејзиниот препознатлив кров во вид на едра за рекламирање на коњски трки.
Управата на трките во вторникот 20 минути на нејзиниот кров прожектирала слики на извлекување позиции за трката со коњи Еверест која ќе се одржи во сабота на тркалиштето Рендвик во Сиднеј. Демонстрантите скандриаа „срамота“ и со светла се обидуваа да ја расипат проекцијата.
Владата на австралиската држава Нов Јужен Велс го предизвикала гневот на јавноста минатата недела кога ја поништила одлуката на директорката на Операта, Луиз Херон да не дозволи тој објект, кој се наоѓа на листата на светското наследство на УНЕСКО, да се користи за промоција на комерцијални настани.
Од минатиот петок повеќе од 250.000 луѓе потпишаа петиција да се подржи одлуката на директорката на Операта.

sidnej

Испрати коментар

Scroll To Top