Насловна / Вести / Протекување на водородот од 10% во синџирите на снабдување, ги брише сите еколошки бенефити

Протекување на водородот од 10% во синџирите на снабдување, ги брише сите еколошки бенефити

Инвестициите во „зелен водород“ се интензивираат на глобално ниво, но тој план би можел да има загрижувачки еколошки проблем со протекувањата, па дури и да придонесе на влошување на состојбата со климатските промени. Додека владите и енергетските компании „се обложуваат“ на толку фаленото гориво на иднината, некои научници велат дека недостатокот на податоци во врска со протекувањата и потенцијалната штета би можел да биде слепа точка за оваа индустрија во развој. Најмалку четири студии објавени оваа година велат дека водородот ја губи својата еколошка предност кога ќе премине во атмосферата. Двајца научници изјавиле за Reuters дека во случај на протекувања од 10% низ процесите на производство, транспорт, складирање или користење, предностите од користењето на „зелениот“ водород во однос на фосилните горива ќе бидат целосно избришани.

hydrogen1

Научниците велат дека водородот во атмосферата ја намалува концентрацијата на молекулите кои ги уништуваат стакленичките гасови кои се веќе таму, што потенцијално придонесува за глобалното затоплување. Велат дека недостатокот на технологии за следење на истекувањето на водород значи дека постои голема празнина во податоците и дека се потребни дополнителни истражувања пред донесувањето на конечна одлука за инвестирање. Секако останува главната предност на водородот како гориво, со оглед дека продуктот на согорувањето е водена пареа, но под претпоставка на нема истекувања во атмосферата. Неодамна Брисел повика на поднесување апликации за финансирање на дополнителни истражувања на ризиците поврзани со користењето на водородот. Columbia University, University of Cambridge, University of Reading и Frazer-Nash Consultancy, веќе имаат објавено студии за ризикот од истекување кој ги поткопува климатските предности на зелениот водород.

hydrogen2

 

Се проценува дека стапките на протекување можат ад достигнат 5,6% до 2050 година, кога се планира сериозна употреба на водородот. Норвешкиот институт за истражување на климата CICERO, исто така работи на трииполгодишна студија за влијанието на емисиите на водород која треба да биде завршена во јуни 2024 година.  Првичните резултати во истражувањето во цевководите на DNV- овото истражувачко место во северна Англија, покажуваат дека водородот истекува на истите места и со истите брзини како и природниот гас. Меѓутоа, компаниите кои работат на проекти за „зелен“ водород велат дека е потребно внимателно следење. Водородот е и далеку поексплозивен од природниот гас, што носи дополнителни безбедносни ризици.

hydrogen3

Испрати коментар

Scroll To Top