Насловна / Вести / Протеините од инсекти наместо месо би го намалиле загадувањето во земјоделството за 80 отсто

Протеините од инсекти наместо месо би го намалиле загадувањето во земјоделството за 80 отсто

Една нова студија на фински експерти заклучува дека замената на сточарските производи со протеини од инсекти, последиците од земјоделството врз глобалното затоплување и загадувањето на водата и почвата, ќе се намалат за 80 отсто.

proeteini

Финските истражувачи користеле компјутерски модели за да ја одредат оптималната комбинација на диети кои би ги задоволувале сите нутритивни потреби, а притоа ќе го минимизираат влијанието врз животната средина, потрошувачката на вода и загадувањето на почвата.

Тие дошле до заклучок дека ако луѓето во Европа ги заменат месото и млечните производи со други алтернативни извори на хранливи материи, ќе има значително намалување на негативните влијанија врз природата.

Освен тоа, експертите од Универзитетот во Хелсинки велат дека вегетаријанците и веганите покажале какви здравствени и еколошки придобивки може да произлезат од намаленото консумирање месо.

proeteini1

Не само што префрлањето на „храна на иднината“, како што се инсекти и габични протеини, може да ги задоволи потребите, туку и да придонесе за подобар внес на основните хранливи материи.

„Храната на иднината“ е и многу поефикасна за одгледување, односно троши помалку вода и зафаќа помалку простор.

“Глобалниот систем за производство на храна се соочува со обезбедување здрава и адекватна исхрана на најодржливи начини, што во голема мера се влошува со климатските промени и зголемената побарувачка за протеини од страна на растечката светска популација“, велат финските експерти.

Со замена на храната што доаѓа од добиток со нови извори на хранливи материи, негативното влијание врз животната средина би се намалило за 80 отсто, а во исто време би се задоволувале сите човечки потреби.

proeteini2

Испрати коментар

Scroll To Top