ProtectPax е иновативен проект на двајца германски пронаоѓачи, кои имале идеjа да создадат невидлива заштита за сите стаклени површини.
Нивната формула е наречена течно стакло, а се состои од наночестички на титаниум диоксид, кои ги пополнуваат неправилностите во стаклото до нанометарски размери. Така, се создава тенок невидлив слој, кој го штити телефонот од разни пукнатини.
Сè што треба да направите е само да го премачкате телефонот со оваа течност и да го избришете со ткаенина.
Ваквата применета заштита има рок на траење од скоро цела година, а екранот е заштитен од удари, гребаници, пукнатини, дамки па дури и вода. Стаклото што е третирано со ProtectPax има цврстина како сафир или рубин, велат германските инвентори.
Оваа иновација се најде на crowdfunding кампањата на Indiegogo, која трае уште 23 дена, а веќе ја исполнила целта од 20 илјади долари.
Почетната цена на овој производ за две пакувања изнесува 17 долари, а испораките би требало да почнат да се вршат веќе од април оваа година.