Дефинирањето на просторот е многу важно во ентериери кои имаат отворен план . Како средство за истакнување на флексибилноста на еден простор, дизајнерското студио од Копенхаген ‘ORNDUVALD’ креира ентериерски додатоци направени од дрво, кои ги именувале како “Frame And Column Partitions”. Со помош на овие интересни дизајни, можете привремено да го менувате визуелниот аспект на целиот ваш ентериер. Тие се дизајнирани на таков начин да можат со својата текстура, површина, физички и визуелен аспект, да функционираат како важен и лесен визуелен елемент во поврзување на просторот. Нивната позиција во еден ентериер лесно да се измени, па може да го промени амбиентот и целокупната атмосфера на просторот. Ја менуваат перцепцијата на една соба и нејзината просторна структура. Лесно се прилагодуваат на висината на една соба, а нивната главна функција е дополнително помогната и со елегантниот и неагресивен дизајн.