Веќе подолго време се пишува за новиот екстравагантен и футуристички Apple кампус, односно Apple Park, кој е делумно завршен, а сите работи ќе бидат завршени до крајот на годината. Се работи за објект кој се наоѓа во Купертино, Калифорнија, и ќе биде во можност да прими околу 12.000 вработени.
За овој мегаломански еко-проект, кој е и главно седиште на Apple, е заслужен архитектот Норман Фостер, додека дизајнот на ентериерот е во рацете на Џонатан Ив, кој воедно е и главен дизајнер на Apple. И покрај тоа што првично било планирано во новите канцеларии да почне да се работи во месец април, работите се одолжиле, па така, поголемиот дел од вработените се и натаму во очекување да влезат во новите фантастични канцелариски простории.