Насловна / Ентериери / Простор оставен на имагинација

Простор оставен на имагинација

Во дизајнот на училиштето Panta Rhei во Amstelveen, Холандија, посветено е внимение за постигнување на баланс помеѓу слободата и чувството на сигурност.

4cb33c02ba9853.12524039 (1)

Snelder Architecten реализирале објект со многу отворени мултифункционални простори, каде учениците сами ќе можат да се запознаат со материјалот што се учи. Ентериерот што го дизајнирале i29, совршено се надоврзува на целиот концепт така што се однесува директно на студентите и нивното опкружување. i29 биле инспирирани од концептот на школото Panta Rhei, што значи „се тече се се менува“. Ова води до дизајн каде просторот се остава на имагинацијата на корисниците и кој нуди елементи кои можат да се користат флексибилно, кој е исто така аспект адекватен со идентитетот на школото.

Низ целото школо поемите се наоѓаат кај подовите од линолеум и мебелот. Идејата е дека надвор од училниците се нуди место за учење и собирање во вообичаен амбиент кој е многу инспиративен. Отворените текстови го оставаат просторот на нивна лична интерпретација. i29 моделирале „килими од текст“ каде буквите се поврзани едни со други така што се чини дека се прелеваат меѓу себе. Мебелот е неформален и динамичен. Бидејќи се работи во групи и индивидуално, i29 дизајнирале маси со асиметрични аголни форми. Овие форми го поврзуваат мебелот на сите начини и различни конфигурации, како на пример квадрат, круг или ѕвезда. Тоа значи дека парчињата можат да се употребуваат во општите простори како и во просториите на вработените и во училниците.

4cb33bf888adf3.22917243 4cb33bf9838000.81909697 4cb33bfa7b4d13.41179657 4cb33bfb9f27f0.66103690 4cb33bfcd23492.32714566 4cb33bfdca2d25.59050389 4cb33bff5b4b43.41024206 4cb33c019be744.34921950 4cb33c00748ee3.22232321

4cb33c080994f6.28831651 4cb33c0609a4c3.10442384 4cb33c03c24f09.24644402

Испрати коментар

Scroll To Top