Агенцијата OMD имала потреба од простор кој ќе биде одраз на нивниот карактер и ќе стимулира кративност и соработка. Trifle Creative успешно ја реализирале својата работа со тоа што го трансформирале просторот на рецепцијата и приземните канцеларии така што креираат забавни и живи работни простории.
Со отвoрање на рецепцијата се овозможува осветлување со природна светлина, а со двокрилните врати кои се протегаат од под до плафон, се изложува работниот простор надвор, и се создава непосредна врска со случувањата. Различните работни зони им овозможуваат на луѓето да го користат просторт според различното расположение, па така има релаксиран и опуштен простор каде чекаат клиентите, кафе-бар како станица за кратки паузи и средби на вработените каде се случуваат разни соработки помеѓу нив, мали интимни места за пофокусирани состаноци како и големи маси со клупи за состанување на поголема група. Просторот е обмислен да се користи за собирите и настаните на целата компанија.