Насловна / Вести / Простор како игра во новосадска гејмерска компанија

Простор како игра во новосадска гејмерска компанија

Кога гејмерската компанија Playrix.rs одлучила да ги прошири своите капацитети, една од локациите бил токму Нови Сад и веќе завршена зграда во градот, а проектот за ентериер е доверен на новосадското архитектонско биро Сила.

1

Бидејќи Playrix.rs се занимава со креативна, но и програмска индустрија, токму тоа ги инспирирало авторките Даница Дивљак и Горана Гајиќ да го проектираат овој ентериер во индустриски стил – простор кој не оптоварува, а истовремено и инспирира.

2

Транспарентен влезен хол, индустриски стил акцентиран со контрастни, живи бои, воведува во просторот каде што се одвива креирањето и програмирањето.

Стилските елементи што се користени се соголени таваници, видливи инсталации и контрастни бои, а материјалите вклучуваат шарени подови, mash метал, бетон и терацо текстури.

3

Сето ова дочекува и информира за објектот веќе во влезниот простор кој се состои од фоаје и кантина. Влезното лоби е истовремено и chill зона со библиотека, весела и опуштена атмосфера.

Кантината како централно место на собирање на вработените – изолирана и поинаква од останатиот простор, пружа малку поинтимен амбиент, погоден и за корпоративни лежерни и забавни содржини, велат архитектите од бирото Сила.

4

9

Основните бои на просторот се корпоративните бои – зелена и антрацит со акцентна боја – црвена. Со ширење на спектарот на бои, постигната е опуштена, весела атмосфера на творештво, додека индустриските елементи асоцираат на приказни за кои треба сами да го смислите крајот.

5

Во функционална смисла, основниот концепт на канцелариите е отворен простор за полесна комуникација и организација, што ги прави самите тимови пофлексибилни.

Со цел да се избегне монотонијата на отворениот простор, архитектите примениле атрактивно решение за подот со помош на винилни подни облоги.

7

Покрај отворениот простор, за работа се користат и мини-канцеларии кои даваат можност за работа во поприватен и поинтимен амбиент.

Канцелариите се опремени со плочи кои обезбедуваат изолираност на звукот. Поголемиот дел од вработените во гејминг индустријата сакаат да работат без светло, за да ја избегнат рефлексијата од мониторите, па затоа се послабо осветлени.

6

Добра осветленост сепак е овозможена со лампи со микропризматични дифузери за да се избегне непотребниот отсјај од мониторите.

Покрај фасадата и природната светлина смесетена е мултифункционалната зона како дел од отворениот простор, за одмор и неформални состаноци. Оваа зона е надкриена со амортизери на звук, за да можат вработените во отворената канцеларија да работат непречено.

14

И тоалетите не се занемарени во оваа игра на бои и материјали. Колоритната шема е задржана преку изборот на плочки, а како посебен детал се издвојуваат бетонските мијалници направени по мерка.

13

10

12

15

8

Испрати коментар

Scroll To Top