Vittorio Gregotti (10 август 1927 – 15 март 2020) бил хоспитализиран во миланската болница откако бил заразен со коронавирусот. Во тек на лечењето се развило запаление на белите дробови, на кое славниот архитект му подлегнал, пишуваат италијанските медиуми.
Покрај Олимпискиот стадион во Барселона проектиран за Олимписките игри во Барселона 1992, Gregotti го проектирал и театарот Arcimboldi во Милано, објект подигнат во него да се овозможи продолжување на оперската сезона во време на реновирање на миланската Скала од 2002. до 2004. година.
Олимпискиот стадион во Барселона
Пред почетокот на Светското фудбалско првенство во 1990. година во Италија го проектирал стадионот Marassi во Џенова, а бројни признанија добил и за Културниот центар Belém во Лисабон.
театарот Arcimboldi во Милано
Автор е и на теоретски дела во архитектурата: „Просторот на архитектурата“ (Il territorio dell’architettura, 1967) и „Видлив град“ (La citta visibile, 1993).
Културниот центар Belém во Лисабон
Одавајќи ми почит на својот колега, италијанскиот архитект Stefano Boeri го нарекол Gregotti „мајстор на меѓународната архитектура“, кој ја „испишал историјата на нашата култура“.
Corriere della Sera пишува дека во истата миланска болница хоспитализирана е и неговата сопруга Mariana Mazza.