Во сабота на 21 декември 2024 година со почеток во 14.00 часот ќе се одржи прославата на Денот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Ова е прилика за сите членови на професионалната заедница да се сретнат на едно место за да ги обележат значајните достигнувања, како заеднички, така и индивидуални преку доделување на годишни награди во знак на благодарност и почит за творештво во градежништвото во земјава и пошироко на заслужен архитект и инженер од четирите професионални одделенија.
Почнувајќи од 2013 година, Комората веќе 11 години по ред традиционално ги доделува именуваните награди:
- Проф. Борис Чипан, дипл.инж.арх – награда за АРХИТЕКТУРА;
- Проф. д-р Александар – Цане Ангелов, дипл.град.инж. – награда за ГРАДЕЖНИШТВО;
- Проф. д-р Илија Черепналковски, дипл.маш.инж. – награда за МАШИНСТВО;
- Проф. д-р Станимир Јовановски, дипл.ел.инж. – награда за ЕЛЕКТРОТЕХНИКА.
Наградата има цел да биде поттик и јавна афирмација на трајните вредности, втемелени во делата и мислите на архитектите и инженерите, а заради промоција на професионалната и општествена улога за годината што изминува.
Датум: 21 декември 2024 година
Време: 14.00 – 17.00
Локација: Сала на Комора ОАИ на бул. Партизански Одреди бр.29, ТЦ Буњаковец, 2 кат
Агенда на настанот
14.00-14.30 – Дочек на гости
14.30-14.45 – Отворање на настанот и поздравен говор
14.45-15.15 – Доделување на именуваните награди на Комората за 2024 година
15.15-17.00 – Пригодна закуска и дружење