Во соработка со Капетанијата на пристаништа и локалната самоуправа, екипи од Ј.П.„Охридски Комуналец“ вршат расчистување на каналот „Билјанини Извори“ на потегот од влезот во каналот до Езерската полиција, при што активностите за отстранување на трската и отпадот се изведуваат рачно.
Со цел непречено движење на пловните објекти, предвидено е и проширување на овој потег .