Насловна / Вести / Проширување на најголемиот светски проект за фотоволтаици и батериски систем

Проширување на најголемиот светски проект за фотоволтаици и батериски систем

Австралискиот мегапроект Sun Cable, кој подразбира фотовлтаичн електрана и систем за батериско складирање на енергија, би требало да стане уште поголем со конзорциумот кој го предлага Australia-ASEAN Power Link (AAPL), кој би ја извезувал произведената енергија од австралискиот Outback во Сингапур, со подморски кабел. Стартувајќи го Sun Cable, кој почнува со работа во 2024 година, а со снабдување во 2026 година, инвеститорите најавуваат дека ќе произведуваат многу повеќе електрична енергија отколку што било изворно планирано.

sun1

Подобрувањата во технологијата овозможуваат фотоволтаичната централа да има поголем капацитет од првично планираните 14GW. Батериите за складирање на енергија ќе имаат капацитет од 33GW. Се очекува проектот кој се развива на локација од 12.000 хектари во Powell Creek, ќе го снабдува австралиски Darwin, но и Сингапур по пат на високонпонска преносна мрежа (HVDC) од 4500 километри, вклучувајќи 750 km далековод од соларната фарма до Darwin и 3 800 km HVDC подморски кабел до Сингапур. Се очекува проектот да генерира доволно обновлива електрична енергија за напојување на над 3 милиони домаќинства годишно.

sun2

sun3

Испрати коментар

Scroll To Top