Кинеското архитектонско биро Neri&Hu со канцеларија во Шангај, додаде проширување на Музејот на убавите уметности Qujiang во Xi’an, Кина, кој е проектиран да „служи како извор на осветлување за околното урбано ткиво“.
Neri&Hu беа повикани да создадат ново проширување за источниот влез на Музејот кој се наоѓа јужно од Џиновска пагода на дива гуска во Xi’an.
Зграда од 1.990 квадратни метри е поставена на врвот со кружен волумен кој е формиран според концептот на светлечки фенер.
„Ја преземавме идејата за фенер како водечки концепт кој не само што ќе ги задоволи новопроширените културни и комерцијални функции на музејот, туку и за да служи како извор на осветлување за околното урбано ткиво“, објаснуваат Neri&Hu.
Основата на доградбата е направена од лиен бетон. Овде се сместени подземни музејски простори и ресторан, како и новододадени малопродажни простори и јавни тоалети лоцирани на подолното ниво на плоштадот во приземје.
Посетителите можат да пристапат до плоштадот преку широки скали на предниот дел на зградата, кои се сочувани постоечки, или преку низа ескалатори скриени внатре во скулптуралната форма од страна, што директно поврзуваат со подземниот музеј.
Шангајското биро објасни дека ваквата дизајнерска интервенција го минимизира влијанието на новата зграда врз постоечките галерии.
Над основата лебди подигнат подиум наречен Платформа, кој е поддржан од мрежа од камени столбови и стаклени ѕидови завеси.
Завршетокот на новото проширување го покрива кружниот волумен, чија надворешност се состои од црвен травертин во облик на дијаманти распоредени во интервали.
Според бирото спуштеното ниво на основата е намерно изразено како ѕид завеса, како би се истакнала раздвоеноста меѓу јазикот на базата и кружно исклесаната маса на „лантерната“ погоре.
Внатре во објектот се наоѓа издлабен амфитеатар во облик на чинија што може да се користи и за јавни активности и за приватни настани.
Кружна патека го опфаќа дното на амфитеатарот, додека светларник во центарот на зградата ги поврзува сите три ката.