Општинарите од Гази Баба го проширија паркингот на улицата „Жан Жорес“на Хиподром, и со тоа е овозможен подобар пристап на возилата за итни случаи и за оние на комунална хигиена при вршење на својата работа. За реализација на овој проект Општината издвои околу 250 илјади денари, а работите ги изведе фирмата „Kарпош“. Службата задолжена за уличното осветление, пак, изврши замена на прегорените и на искршените светилки во населбата Железара.