Пропадна и 14. тендер за изградба на хидроцентралата Чебрен. За изградба на ХЕЦ Чебрен, министерката за животна средина Каја Шукови нформираше дека заклучно со 31.12.2023г. од страна на избраниот понудувач грчката фирма „Архидром“ не е пристигнато продолжување на банкарската гаранција, со тоа понуда станува неактивна и следува поништување на постапката.
„Од грчката фирма беше побарано да се потпише договор за заедничко вложување со Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за да можат да ја продолжат банкарската гаранција. Ние тоа барање не го прифативме и ги информиравме за тоа, но одговор не добивме. Со тоа, сега ќе доставиме информација до Владата да се поништи постапката“, рече Шукова.
Што ќе биде понатака со Чебрен треба да одлучат оние кои се занимаваат со енергетика, рече Шукова.