Не успеа обидот за финансирање на изградбата на градот од „Господарот на прстените“ во Англија.
Амбициозниот архитектонски тим предложил подигнување на Минас Тирит во комплетно здание, а вкупните трошоци на изградбата би изнесувале „само“ три милијарди долари.
За фановите на „Господарот на прстените“ сигурно е одлична можност да се посети главниот град на Гондор, кој би требало да изгледа како во познатата трилогија на Толкин – „Господарот на прстените“.
Архитектонскиот тим на crowfunding услугата Indigogo пред извесно време започна кампања која траеше 60 дена, со цел да се соберат пари за финансирање на оваа атрактивна туристичка дестинација во Англија, но сумата од три милијарди долари испадна дека е далеку од реална и достижна.
Реалниот Minas Tirith, според планот, требал да има многу повеќе зеленило од тој во имагинацијата на Толкин.
Но за жал, во рок од десет дена од кампањата собрани се само 400 долари, така што проектот за градење пропадна.