Насловна / Вести / Пронаоѓачот на мобилниот телефон, Мартин Купер, доби награда за животно дело

Пронаоѓачот на мобилниот телефон, Мартин Купер, доби награда за животно дело

Мартин Купер, човекот кој го измисли мобилниот телефон, ја прими наградата за животно дело на Светскиот конгрес за мобилни комуникации во Барселона, најголемиот саем за безжични комуникации во светот.

Држејќи го во раце прототипот на првиот мобилен телефон наречен „цигла“ што го пронашол пред 50 години, Мартин Купер со оптимизам говереше за иднината на мобилната технологија, но и изрази загриженост за ризиците што паметните телефони претставуваат и за приватноста и за младите, се вели во извештајот на Associated Press.

к1

„Моето најнегативно мислење е дека веќе немаме никаква приватност, бидејќи сè за нас е некаде снимено и достапно некому кој има доволно силна желба да го види или слушне“, вели 94-годишниот Купер.

Покрај „ерозијата на приватноста“, Купер изрази загриженост и за споредните негативни ефекти на кои се изложени корисниците на паметни телефони и социјалните мрежи, како што се зависноста од интернет и полесниот пристап на децата до штетни содржини.

кк

Опишувајќи се себеси како сонувач и оптимист, Купер изрази надеж дека напредокот во технологијата на мобилни телефони има потенцијал револуционерно да ги унапреди областите како што се образованието и здравствената заштита.

Испрати коментар

Scroll To Top