Насловна / Вести / Пронајдено решение за пластичниот отпад?!

Пронајдено решение за пластичниот отпад?!

Plastika vo voda

Пластиката одамна е сериозен проблем, посебно ако се има предвид дека секоја година се произведуваат над 300 милиони тони. Од друга страна пак, не можеме брзо да се ослободиме од  пластичниот отпад. Сепак, научниците во Јапонија пронашле нов вид бактерии кои ефикасно ја разградуваат пластиката. Ideonella sakaiensis 201-F6 , во целост ја разградува ПЕТ амбалажата. Воедно, се работи за прва бактерија која може да ги деградира ПЕТ материјалите.

Ideonella sakaiensis звучи како идеално решение, но сепак има еден голем проблем. На бактериите им треба околу шест недели за разградување на тенок слој од ПЕТ амбалажа. Но, научниците и понатаму работат на забрзување на овој процес. Веќе направиле фрагментација на геномот, што ќе помогне за создавање на поотпорни видови на бактеријата.

 

Испрати коментар

Scroll To Top