Во полскиот град Злочењец, кој во текот на Втората светска војна делумно и припадна на Германија, пронајдена е нацистичка временска капсула која датира од 1934 година, јавува порталот Inedependent.
Капсулата ја открил археолог кој со години знаел дека постои, но не можел да дојде до неa. Капсулата пред осумдесетина години била закопана на градилиштето Орденсбург Кросинсе, кое било едно од трите изградени едукациски центри на Националсоцијалистичката германска работничка партија.
Истражувачите морале да пронајдат начин да поминат низ подземни води и дебел слој од цемент за да дојдат до капсулата, а притоа да ги заобиколат германските рудници.
Доктор Марцин Петерлајнтер изјавил дека предметите во капсулата се совршено зачувани.
Во капсулата имало фотографии, меѓу останатите, и на Адолф Хитлер, две копии од неговата книга „Мојата борба“, кованици кои се наоѓале во коверти и промо материјали со информации за Фалкенбург, германски назив за градот Злочењец.
Предметите моментално се наоѓаат во Националниот музеј во Счечин, а материјалите ќе бидат преведени и конзервирани пред да бидат достапни за јавноста.