Насловна / Вести / Пронајдена микропластика во хируршки отстранети масни наслаги на артериите

Пронајдена микропластика во хируршки отстранети масни наслаги на артериите

Дека микропластиката е присутна во човеовиот организам е веќе познат факт. Откриена е во крвта и во низа органи. Во новото истражување спроведено во Италија, микропластиката е пронајдена во масните наслаги односно плакови хируршки отстранети од запушените артерии.

Овие наоди се анализирани во студијата „Микропластиката и нанопластиката во атеромите и кардиоваскуларните настани“ (Microplastics and Nanoplastics in Atheromas and Cardiovascular Events), која е објавена и во списанието New England Journal of Medicine. Тимот кој работел на оваа студија ги споредувал ризиците од мозочен и срцев удар помеѓу пациенти во чии плакови е откриена микропластика и оние кај кои истата не е откриена. Следејќи вкупно 257 пациенти во период од три години, истражувачите откриле дека кај речини 60% имало полиетилен во плаковите отстранети од артериите. Кај 12% бил пронајден PVC. Податоците покажуваат повисок ризик од кардиоваскуларни болести меѓу популацијата изложена на загадување поврзано со пластика. Според наодите на студијата, пациентите кај кои во плаковите е пронајдена микропластика имаат 4,5 пати повисок ризик од мозоченудар, срцев удар или смрт, отколку оние кај кои не била пронајдена микропластика.

 

Испрати коментар

Scroll To Top