Насловна / Градежништво / Промовирана физибилити студија за мали хидроцентрали

Промовирана физибилити студија за мали хидроцентрали

smallhydro
Зголемено производство и намалување на потребата од увоз на електрична енергија, намалување на емисијата на стакленички гасови и придвижување на локалната економија, се придобивките кои ќе произлезат до проектот за изградба на мали хидроелектрични централи, оцени денеска министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.

На промоцијата на Физибилити студијата за оправданост на доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на мали хидроелектрични централи, Адеми посочи дека таа ги содржи сите потребни информации од економска, правна, финансиска и техничка анализа, со препораки и заклучоци за 80 локации за кои Министерството за животна средина и просторно планирање треба да даде концесија.

smallhidro1
– Ја имаме предвид атрактивноста на локациите, како и подобрување на условите за инвестирање во малите хидроелектрични централи, што е предуслов за успешност на целиот проект, рече Адеми. Од особена важност, како што нагласи, е да се истражат и понудат најоптимални решенија.

– За таа цел, врз основа на наодите од физибилити студијата, се разгледуваат можностите за групирање на одредени локации по водотеци, можностите за промена на повластените тарифи за произведена електрична енергија, како и за изменување и дополнување на мрежните правила и поедноставен приклучок во електричната мрежа на Македонија, подвлече Адеми.

smallhidro2
Од економска гледна точка, инвестициските трошоци потребни за реализирање на 80-те мали хидроцентрали се проценети на 176 милиони евра, а вкупната инсталирана моќност е проценета на 63 мегавати. Вкупното производство на електрична енергија, доколку се реализираат сите 80 мали хидроцентрали, се очекува да изнесува 226 гигават часови.

Согласно планот до крајот на годината Министерството ќе објави шест пакети на мали хидроелектрични централи, а рокот на аплицирање е 90 дена од објавувањето на тендерот.

Испрати коментар

Scroll To Top