Денес беше промовиран асфалтираниот пат до село Суво Грло. Станува збор за пристап до селото од регионалниот пат во должина од околу 4 километри и со вредност од 16 милиони денари (без ДДВ) при што локалната самоуправа издвојува три милиона денари (без ДДВ) а преостанатите средства во висина од 13 милиона денари се на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието.