Насловна / Архитектура / Промотивен настан во Кавадарци за предизвиците при собирањето и третманот на отпадните води

Промотивен настан во Кавадарци за предизвиците при собирањето и третманот на отпадните води

Денес Тренинг центарот на АДКОМ во соработка и поддршка на проектот “Регионалната мрежа за развој на капацитети (RCDN)”, ќе одржи промотивен настан во хотел Фени, Кавадарци со почеток во 11 часот.
Настанот ќе биде поделен во две сесии, од кои првата сесија ќе се фокусира конкретно на запознавање на учесниците со улогата на АДКОМ и начинот на поддршка преку Тренинг центарот на развојот на капацитети на ЈКП и општините поврзани со услугите за вода, со посебен осврт на поставеноста и понудата на Регионалната мрежа за развој на капацитети.
Втората сесија ќе биде работна сесија според стандардите за размена на искуства на тема „Размена на искуствата за предизвиците поврзани со активностите и управувањето при собирањето и третманот на отпадните води“. Ова ќе биде можност да се идентификуваат и кластеризираат предизвиците кои се јавуваат во оперативното работење и управувањето со собирањето и третманот на отпадните води. Оваа сесија истовремено ќе претставува почетен чекор за користење на размената на регионалните искуства преку Регионалната мрежа за развој на капацитети.

ad1
Едни од клучните предизвици со кои се соочуваат општините и јавните комунални претпријатија (ЈКП) и кои придонесуваат кон огромни проблеми при обезбедувањето на одржливи и достапни водни услуги се: недостатокот на ресурси за секаде достапен и воедначен квалитет на водните услуги, недоволните менаџерски и технички компетенции, лошите финансиски резултати, комплексната институционална поставеност. Во исто време голем дел од достапните фондови не завршуваат во рацете на општините и ЈКП во земјата, а голем број инфраструктурни инвестиции не се реализирани или нивната реализација се одложува, поради фактот дека донаторите и меѓународните финансиски институции бараат општините и ЈКП да поседуваат кадар кој е високо квалификуван и стручен со цел ефективно и ефикасно да раководи со добиената финансиска помош или пак технички да ги управува и одржува ново изградените објекти.

ad2
Со цел полесно да се надминат овие проблеми и да се одговори на предизвиците, дизајниран е, и се имплементира Проектот „Регионалната мрежа за развој на капацитети“ преку кој се поддржуваат и зајакнуваат капацитетите на националните здруженијата на општините и јавните комунални претпријатија во земјите од Западен Балкан, кои ќе понудат обуки со имплементација на стандардите за квалитет во испораката на производи за развој на капацитети и воспоставен на механизми за обезбедување на квалитет. Како краен резултат се очекува подобрување на перформансите и зголемување на капацитетите во самите општини и ЈКП за справување со предизвиците во водниот сектор.
Проектот „Регионалната мрежа за развој на капацитети“ е поддржан од страна на: Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ), преку Отворен регионален фонд за модернизација на општинските услуги (ОРФ ММС), во име на швајцарскиот Државен секретаријат за економски прашања (SECO) и Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ).

Испрати коментар

Scroll To Top