Утре (20 октомври) во „Александар Палас“, во 11 часот, ќе се одржи официјална промоција на првото Сертификационо тело, посебно тело, дел од Градежен Институт Македонија. Телото е акредитирано од Институтот за акредитација на Република Македонија и Решение издадено од Министерство за економија согласно Законот за градежни работи.
ГИМ Сертификација е тело за Сертификација на градежните производи и Сертификација на контрола на фабричко производство. Со формирање на сертификационото тело за градежни производи, ГИМ Сертификација, овозможено е примена на Законот за градежни производи.
На настанот свое обраќање ќе имаат д-р Трпе Ристоски, директор на Институтот за Акредитација, и Дритон Кучи, министер за економија на РМ.