Во организација на ОХО – Асоцијацијата за едукација, консалтинг и комуникација, во Скопје се одржи промотивен ден на проектот Еко пакет Македонија.
Проектот Еко пакет се реализира веќе девет години во мрежата на еко училишта во Словенија, Хрватска и Србија. Од учебната 2014/2015 година по првпат проектот Еко пакет ќе се реализира и во Македонија, првично како проект за основните еко училишта со зелено знаме (29 основни училишта), а од следните учебни години и за детските еко градинки и средните еко училишта.
Овој проект е наменет за развивање на свеста и значењето на одговорното однесување кај децата, учениците, всопитувачите, наставниците и родителите, во врска со селектирањето на отпадот.