Насловна / Вести / Промоција на новата Dacia Jogger со седум седишта

Промоција на новата Dacia Jogger со седум седишта

Романскиот производител на автомобили, на почетокот од месецов ќе го претстави новиот модел од фамилијата Logan/Sandero. Караванот Logan MCV заминува во историјата, а ќе го замени новото мултифункционално возило под името Jogger. Dacia Jogger ќе јаима својата online премиера во петок на 3-ти септември, а компанијата го најави овој настан со видео тизер, во кое открива само некои детали од новиот автомобил. Станува збор за „крос“ модел како Sanderо Stepway.  Jogger ќе биде достапен во опции со пет или седум седишта, а задните светла стилски потсетуваат на естетиката на Volvo. Предниот дел на возилото засега не е прикажан, но се очекува да наликува на моделите Logan/Sandero. И ентериерот се очекува да биде сличен на Sanderо Stepway. Меѓутоа, Jogger ќе биде многу попрактичен од споменатиот хечбек, благодарение на својот распоред и големиот багажен простор. После online премиерата, новата Dacia Jogger ќе биде претставена и на саемот за автомобили во Минхен. Во продажба ќе се најде на крајот на годинава, или на почетокот на 2022 година.

sedumsed1

sedumsed2

Испрати коментар

Scroll To Top