Во музејот „Робевци“ во Охрид денеска ќе биде промовирана постојаната музичка поставка „Златото на Лихнитида“.
Во ексклузивната поставка во Златната соба ќе бидат изложени околу 400 златни и позлатени предмети откриени на археолошките локалитети во Охрид и охридско, со хронолошка припадност од 7 век пред нашата, па се до 19 век од нашата ера. Златните предмети ќе бидат изложени во специјална витрина која се движи во круг, а просторијата, како и целиот објект ќе бидат соодветно заштитени. Ќе биде промовиран и каталогот „Златото на Лихнитида“.
На промоцијата ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.