Насловна / Арт и дизајн / Промоција на монографско издание „Борко Лазески 1917-1993“ во МАНУ

Промоција на монографско издание „Борко Лазески 1917-1993“ во МАНУ

Националната галерија на Македонија го започнува одбележувањето на 70 годишнината од своето основање. Чествувањето на овој значаен јубилеј ќе го започне со активности посветени на Борко Лазески, првиот (в.д.) директор на Уметничката галерија „Скопје“ (подоцна преименувана во Национална галерија на Македонија).

borko
Воедно, ова одбележување се надоврзува со Јубилејот 100 години од раѓањето на Борко Лазески (1917-1993), кое ќе се одржи во месец февруари посветен на неговото творештво. Во текот на месецот предвидени се три настани а целокупната манифестација официјално започнува на 08.02.2018 година (четврток), во 12 часот, во Македонската академија на науките и уметностите со промоција на монографското издание „Борко Лазески 1917-1993“.
Промоцијата на ова монографско издание ќе се реализира според следната програма:
12.00 часот
– Воведно обраќање на претседателот на Ману, академик Таки Фити,
– обраќање на академик Влада Урошевиќ,
– обраќање на д-р Небојша Вилиќ, редовен професор на УКИМ,
– завршно обраќање од страна на кураторот на проектот, Маја Чанкуловска Михајловска.
13:00 часот
Коктел
Монографското издание „Борко Лазески 1917-1993“ содржи осврти на д-р Дита Старова Ќерими, Соња Абаџиева, Маја Чанкуловска-Михајловска и Лазо Плавевски, на 160 страници на македонски и англиски јазик, низ 130 фотографии претставени најзначајните остварувања на авторот, неговата биографија, библиографски податоци за творештвото и каталошкиот дел со податоци за делата.

borko1

borko2

Испрати коментар

Scroll To Top