Во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп денеска ќе биде промовирана монографијата „Прилеп – Милениумско пулсирање 1014-2014“.
Монографијата е во издание на Друштвото за наука и уметност и Општина Прилеп, а по повод 1000-годишнината откако Прилеп во пишаните документи е споменат под името Прилапон.
Монографијата стручно ја подготвија 42 еминентни научни работници, кои во 21 поглавје пренесуваат научно потврдени факти за Прилеп како град и за неговото битисување во изминатите 1000 години.