Насловна / Архитектура / Промоција на монографија „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“

Промоција на монографија „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“

Монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“ од Ерина Богоева ќе биде промовирана на 13 ноември 2018 (вторник) во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Книгата во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 80-ина фотографии.
Во фокусот на Богоева се 30 објекти од јавен и резиденцијален карактер, меѓу кои: Управата за хидрометеоролошки работи, Телекомуникацискиот центар, Градски ѕид (блоковите и кулите), студентскиот дом „Гоце Делчев“, Домот на Армијата, Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, Католичката црква „Пресвето срце Исусово“ и други.
Проектот е поддржан од Град Скопје, како дел од конкурсот за проекти од областа на културата кои би го застапувале или збогатиле културниот живот на градот.
Промотор на монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“ ќе биде архитектот и фотограф Александар Наумчевски. Со овој настан во книжарницата „Литература.мк“ ќе бидат одбележани и 74 години од ослободувањето на Скопје.

sk1

Испрати коментар

Scroll To Top