На 5 септември, среда во 10:45 часот во организација на Комората на овластени архитекти и инженери (КОАИ) во Хотел Александар Палас, Скопје – Конгресна Сала 3 ќе се одржи промоција на книгата (превод на македонски јазик), „Градови за луѓе“ од Јан Гел, Данска.
АГЕНДА
ПРВ ДЕЛ – Промоција на книгата: ГРАДОВИ ЗА ЛУЃЕ, ЈАН ГЕЛ
10.45 – 11.00 Регистрација
11.00 – 11.15 Воведно обраќање, Петре Шилегов, Градоначалник на Град Скопје
11.15 – 11.30 Поздравно обраќање, Проф. Миле Димитровски, Претседател на Комората на Овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија
11.30-11.45 Поздравно обраќање, Амбасадор на Кралство Данска H.E. Anders Hougård
11.45 – 12.30 Проф. Јан Гел – Промоција на книгата „Градови за луѓе “
12.30 – 12.45 Потпишување Меморандум за соработка помеѓу Град Скопје и Проф. Јан Гел
12:45 Изјава за медиуми
12.45 – 13.15 Кафе пауза
ВТОР ДЕЛ – Работилница: „Скопје – Град за луѓе“
13.15 – 16.00 Стручни обраќања од реномирани архитекти и инженери од Република Македонија на тема „Скопје – Град за луѓе “