Во понеделник (18 септември) во хотел „Континентал“, со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоција на најновата книга на д-р Петар Николовски, дипл. инж. арх. , насловена како „КАТАЛОГ НА ЛИНЕАРНИ ТОПЛИНСКИ МОСТОВИ ВО ЗГРАДИ ВО СЕИЗМИЧКИ РЕГИОНИ“.
Книгата претставува практична алатка за студенти, проектанти (архитекти и инженери), изведувачи и контролори – специјалисти при проектирање на нови и преглед и оценка на постојни згради од областа на енергетската ефикасност во градежништвото.
Модератор на промоцијата ќе биде: проф. д-р Миле Димитровски, претседател на Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Р.М, а промотори на книгата ќе бидат професори и експерти од Бугарија и Македонија.
Книгата е во издание на Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија.