Насловна / Вести / Промени во сопственичката структура на енергетските капацитети?!

Промени во сопственичката структура на енергетските капацитети?!

Energetska oprema

Во наредниот период извесно е дека претстојат тешки политички одлуки во енергетскиот сектор, вклучувајќи го и изборот на моделот на сопственичката структура на енергетските капацитети, како и моделот на финансирање на енергетската ефикасност. Тоа треба да биде вградено во новиот закон за енергетика, за кого е веќе подготвена нацрт-верзија. Според сегашните законски решенија, странското учество во домашните капацитети е ограничено на најмногу 51%. Дали овој процент ќе се зголеми или ќе се намали, ќе биде прецизирано во новиот закон за енергетика, чиј нацрт треба во наредните три месеци да ги помине сите фази и да биде целосно усогласена со директивите на ЕУ и со Енергетската заедница, пишува Утрински весник.

Electric power linesРаководителот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Мартин Клауке, на церемонијата на затворање на проектот „Зајакнување на административниот капацитет на Секторот за енергетика во Министерството за економија и Агенцијата за енергетика“, даде позитивна оценка на подготвените документи. Тој најави дека ЕУ ќе продолжи да го помага развојот на енергетскиот сектор.

„Македонија до скоро беше лидер во регионот во либерализацијата на пазарот на струја, но целосната либерализација што требаше да се случи на почетокот на годинава, како што е познато, се одложи. Се надеваме дека македонските власти ќе ја забрзаат оваа постапка“, изјави тој. Потенцира дека новиот закон за енергетика треба да овозможи пазарот на енергија да биде целосно ефективен што ќе и’ помогне на Македонија да ги задржи цените на енергијата на најниско можно ниво и да ги зголеми стандардите на услугите.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top