На улиците Васил Брклевски и краците од улицата Стара Чешма во Горно Оризари во Битола започнаа инфраструктурните активности, со што на улицата Васил Брклевски е извршена изградба на мешовита канализација, ќе се извршува изградба на водоводна и хидрантска мрежа и на крај изградба на коловоз.
Истите активности ќе се извршуваат и на краците од улицата Стара Чешма.
„Често пати кога се среќаваме овде со мештаните, укажувано ни е ова како голема потреба, бидејќи имаат проблеми со канализацијата, водоводната мрежа и се разбира и патната инфраструктура. Оваа година во ова место одлучивме заедно со Советот на Општина Битола дека ова е приоритет и се надевам дека до крајот на оваа градежна сезона сето ова ќе се заврши“, нагласи градоначалникот Талески.
Вредноста на мешовитата канализација изнесува околу 1.8 милиони денари за двете улици како еден проект. Истата вредност ја има и водоводната и хидрантската мрежа, а додека коловозот е во вредност од околу 10 милиони денари. Вкупната вредност на овој проект е приближно 13.5 милиони денари.