Започнува пролетно косење и чистење на зеленилото во Скопје.
Вработени од ЈП „Паркови и зеленило“ работат на средување на зеленилото на повеќе локации низ градот. Тие извршија косење на булеварското и на страничното зеленило на булеварот „8-ми Септември“, кај спортскиот центар „Борис Трајковски“, а викендов го средуваа делот на булеварот „Александар Македонски“ на потег од Агро сервис до патот за Куманово.
Од Град Скопје информираат дека околу 80 илјади квадратни метри трева е искосена. Во оваа пролетна акција ќе има и садење сезонски цветен расад.