Насловна / Вести / Проклетството на Boeing 737: Откриена е нова софтверска грешка на приземјениот модел max

Проклетството на Boeing 737: Откриена е нова софтверска грешка на приземјениот модел max

Американскиот производител на авиони Boeing откри нов софтверски проблем на приземјениот модел 737 max. Сепак, не се очекува тоа да го одложи најавеното враќање во сообраќај на овој модел до средината на годинава. Станува збор на најмалку трет софтверски проблем кој е откриен откако  737 max беше приземјен во март минатата година после двете авиионски несреќи со 346 жртви.  Од  Boеing истакнуваат дека проблемот е откриен при промените кои се прават на софтверот, а грешката е воочена во функцијата за предупредување на пилотот за системот кој се користи за насочување на авионот горе или долу, со помош на поместувања на опашката на воздухопловот.  Портпаролот на компанијата рекол дека за време на тестирањето на новиот софтвер се откриени проблеми со функционирањето на светлото.

737max1

737max2

737max3

Испрати коментар

Scroll To Top