Производството на возилото Tesla Sybertruck е одложено за 2022 година, според страницата за нарачки на оваа американска компанија. На оваа страница е истакнато дека “конфигурацијата ќе може да се комплетира до 2022 година, бидејќи се наближува почетокот на сериското производство. Тоа се однесува на верзиите на електричниот pickup со еден, два или три мотори. Одложувањето не претставува големо изненадување за оние кои внимателно ги следат информациите за Sybertruck. Директорот на компанијата Илон Маск, го претстави возилото во 2019 година, а првичниот план беше производството да започне на крајот на 2021 година. Исто така, во јануари оваа година Маск рече дека очекува испорака на неколку примероци на Sybertruck на крајот на годината, а нивното масовно производство да започне во 2022 година. Минатиот месец, потпретседателот на Tesla, рече дека „во фаза на завршен основен инженеринг на архитектурата на возилото“, и дека Sybertruck подоцна оваа година ќе мине во бета фаза.