Насловна / Екологија / Производството на месо ја загрозува животната средина

Производството на месо ја загрозува животната средина

MeatAtlas2014_Cover_Page_1
Во земјоделството се троши 70% од расположивата слатка вода во светот, а дури 1/3 од оваа количина се троши во сточарството. Интензивното производство на месо и млеко ширум светот, предизвикува огромна штета на животната средина. Ова е главната поента од новиот извештај на „Атлас на месото“, каде што меѓу другото се потенцира дека начинот на кој денес се произведуваат производите од месо и млеко треба радикално да се смени. Интензивното сточарство бара значителни ресурси, па дури 40% од светското производство на житни култури завршува како сточна храна.

Притоа, индикативно е дека потрошувачката на месо во САД и Европа стагнира, но во азиските земји вртоглаво расте. За производство на само еден килограм говедско месо се трошат 15.500 литри вода. Со истото количество вода се произведуваат 118 килограми моркови. Еден од авторите на овој извештај е фондацијата Хајнрих Бел (Heinrich-Böll-Stiftung). Целта на извештајот е иницирање на дебата за потребата од подобро, побезбедно и одржливо производство на храна.

Извор: ekologija.rs

Испрати коментар

Scroll To Top