Во текот на минатата година, производството на енергија преку ветерници е зголемена за 44 проценти од претходните години. Во 2014 година капацитетот на моќта на ветерот е проценет на 369.553 мегавати електрична енергија на глобално ниво, бројка за која биле потребни 40 години да се постигне. Се претпоставува дека оваа бројка уште ќе се зголемува во наредните години, со што ќе се придонесе за решавање на проблемот со енергетската криза во светот.