Производителите на електрични светилки ги мамат купувачите за јачината на светлината на своите производи, користејки ја „дупката“ во европсиот начин на тестирање. Ова неодамна го покажале лабораториските тестирања за кои Guardian објавува повеќе детали. Меѓу компаниите кои ги „надувале“ податоците за енергетските перформанси на светилките се Philips, Osram, Ikea и GE, тврдејќи на пакувањето дека перформансите се 25% подобри отколку што навистина се.
Разликата во податоците произлегува поради т.н 10% „толеранција“ во службените процедури за тестирање на светилките, па затоа светилката се рекламира дека дава 600 лумени, а вистинската вредност е 540 лумени. Еден тест спроведен во Шведска во периодот од 2012 до 2014 открива дека 42W халогенска светилка на Osram, троши 25% повеќе енергија од декларираната. 70W халогенска светилка од GE, дава 20% послаба светлина од декларираните 1200 лумени. Светилките од Ikea од 53W и 70W потфрлиле за 16%.
Европската Комисија е свесна за овој проблем и уште од 2012 година настојува да го реши, но досега нема забележителен напредок.