Научниците од Универзитетот за наука и технологија Џиангсу (JUST) во Кина, во соработка со универзитет од Австралија и компанијата LONGi Green Energy Technology исто така од Кина, постигнале голем напредок во развојот на соларни ќелии на база на силициум, кои по дебелината се споредливи со лист хартија. Овој иновативен пристап не само што ветува револуција во производството на соларни ќелии, туку отвора и нови можности за нивна примена во различни сектори.
И покрај масовната примена на соларните ќелии, ограничувачки фактор е користењето на рамни панели, односно несоодветност за монтирање на закривени површини. Сега ќелиите се флексибилни, со дебелина од само 50 микрометри. Тие може да се свиткуваат во ролни и прикладни се за поставување на различни површини. Ваквите соларни ќелии имаат и помала маса, како и пониски трошоци на вградување. Ефикасноста на конверзија притоа е иста како кај стандардните ќелии.