Насловна / Вести / Произведена тула од човечки влакна

Произведена тула од човечки влакна

За да придонесе за индустрискиот развој дизајнерот Ellie Birkhead  има развиено процес на производство на тули кој вклучува давање на различни отпадни производи од индустријата, угостителството и занаетчиството. Но, Birkhead има дизајнирано и тула во која средство за врзување е човечка коса.

Birkhead за својот последен проект на мастер студиите на Дизајн академија во Ајндховен, наречен Building The Local, дизајнирала шест видови на тули кои содржат локален материјал. Тие се направени со мешање на глина со природни ѓубрива добиени од локалните штали, стаклени шишиња, од локалните пабови, волна, слама, пепел, како и човечки влакна добиени од локалните фризери.

opeka-ljudske-dlake_resize

Како што е наведено во Deze, човечката коса во процес на производство се користи за да се направи влакнеста тула наречена stock , што најчесто се прават од слама. Слично на тоа, биле користени и волна и ѓубриво од коњ. Освен што е композитен материјал, сламата влијае и на бојата на тулите. Додавањето стакло исто така создава и нови бои и глазури на овој градежен материјал.

Со користење на јачмен од пиварите се добиеваат порозни тули, бидејќи за време на процесот на печење житото исчезнува и останува празнина.

“Бојата на глината варира од место до место, што значи дека потеклото на материјалите може да се прочита во финалниот производ. Тулата не е само производ, туку архитектонски блок, кој ја преобразува естетиката на градот“, нагласува Birkhead.

Opeka-od-ljudske-kose-naslovna_resize

Според неа има толку многу занаетчиски индустрии на работ на истребување поради економскиот притисок предизвикан од глобализацијата. Ако го одржуваме сопственото чувство за припадност на некое место, мора веднаш да дејствуваме, бидејќи вештините се се уште во рацете на производителот, а не само во текстот или на сликата. Овој проект е методологија и начин на размислување за локалното производство што може да се примени на било која локација, додава Birkhead.

Испрати коментар

Scroll To Top