Министерството за економија на Црна Гора ја нзапочна имплементацијата на програмата Energy Wood III, која на граѓаните им овозможува да аплицираат за безкаматни кредити во износ до 3.500 евра, со период на отплата до 5 години за набавка и монтажа на системи за греење на модерни облици на биомаса (пелет и брикет).
Се работи за трета фаза од програмата, откако во претходните две фази биле вградени вкупно 775 нови системи за греење низ целата земја. Средствата се обезбедени со поддршка на луксембуршката агенција за развојна соработка, како и преку грант од Владарта на Кралството Норвешка.
Целите на оваа програма се фокусиранаи на постигнување економски и енергетски заштеди преку воведување на високо – ефикасни технологии, како и придонес кон намалување на загадувањето.