Насловна / Вести / Прогласени добитниците на награди на конкурсот „Trash for Art“

Прогласени добитниците на награди на конкурсот „Trash for Art“

пакомак4

Под мотото „Види уметност онаму каде што другите гледаат само отпад“ вчера во просториите на Кинотеката на Македонија беа прогласени добитниците на наградите на конкурсот „Trash for art“, распишан од „Пакомак“.

пакомак

Годинава на конкурсот се пријавиле 160 уметнички дела изработени од амбалажен отпад.

Наградите беа доделени во две категории и тоа поединци и училишта. Во категоријата поединци првата награда од 50.000 денари му припадна на Стефан Анчевски, додека во категоријата училишта 50.000 денари ги доби СУГС „Никола Карев“- Скопје.пакомак1

Сите дела кои влегоа во потесниот избор ќе добијат дипломи за финалисти на конкурсот Trash for Art 2014, а заедно со наградените дела ќе бидат изложени од 21 декември во Веро-центарот, кога и официјално ќе бидат доделени наградите.пакомак6

Испрати коментар

Scroll To Top