Розана Монтиел ја доби овогодишната награда за одржлива архитектура (Global Award for Sustainable Architecture 2019) заедно со Werner Sobek, Ersen Gürsel, Ammar Khammash и Jorge Lobos. Доделувањето на наградата е закажано за 13ти мај 2019 година во Париз.
Ова признание е востановено од страна на архитектот и академик Jana Revedin во 2006 година, и се доделува секоја година на петмина архитекти кои придонеле за поеднаков и одржлив развој и креирале иновативен и партиципативен пристап со цел пресретнување на потребите на општеството.
Глобалната награда е признаена како откривање на талентите на 21-виот век, а доосега биле наградени многу познати архитекти меѓу кои Wang Shu, Alejandro Aravena, Carin Smuts, Francis Kéré, Al Borde, Assemble, Rotor, Jain Bijoy и Marta Maccaglia.