Насловна / Вести / Profine Group воведува два нови производи

Profine Group воведува два нови производи

Побарувачката за лизгачки системи постојано расте. Покрај популарните премиум лизгачки врати PremiDoor 76 и PremiDoor 88, Profine Group сега воведува два нови производи преку своите брендови: KÖMMERLING, TROCAL и KBE: PremiSlide 76 е компактен, ефикасен и разновиден систем за лизгање – и PremiFold 76, еден многу посебен лизгачки систем.

Trendseteri kliznih sistema - klizni sistemi profine grupe1_resize

PremiSlide 76

Со овој производ нудиме идеален додаток на нашите премиум лизгачки врати – робустен, компактен, ефикасен и сестран систем за изработка на лизгачки прозорци и врати. Новитетот се темели на нашата платформа од 76 mm во верзијата на бочни дихтунзи и на тој начин му нуди на производителот високо ниво на компатибилност. Прикладниот лизгачки систем комбинира бројни предности како што се мало заземање простор при отворање и отворање без напор. Отворањето овозможува исклучително ефикасна вентилација, а стаклените површини се грижат за оптимални придобивки од сончевата енергија. Вредност на Uf од 1,4 W / (m² K) во стандардната изведба и Uw-вредност до 0,7 W / (m² K) се одлични вредности за лизгачки системи. Периферниот компримиран дихтунг го прави системот совршен. Во однос на дизајнот, PremiSlide 76 нуди голема разновидност, бидејќи конструктивните шеми се засноваат на системите на лизгачки врати, како што е PremiDoor 76. Исто така е достапен широк спектар на бои во декор од дрво и металик фолија, вклучувајќи ја и варијантата AluClip за индивидуализиран дизајн. Ексклузивно за PremiSlide 76, на располагање е за конструкција на соодветните елементи, оков „Eco Slide“, специјално развиен од производителот на окови Siegenia.

180126_RZ_Schiebetür-Systeme_resize

PremiFold 76

PremiFold 76 е специјален лизгачки систем за прозорци и врати и најнов во долгата низа иновации на нашите лизгачки системи. Системот доаѓа со многу посебни апликации. Главниот плус на системот PremiFold 76 е начинот на кој може да се отворат прозорците и вратите за да се максимизира вентилацијата без да се загрози безбедноста. PremiFold 76 може да се користи за многу големи отвори. Вашиот дом или деловен објект може да го добие вашиот индивидуален карактер со широк асортиман на декоративни ламинирани фолии. За производителот, новиот систем нуди економичност, бидејќи се базира на profine 76 mm платформата. Уште една предност е што елементите немаат видливи окови. Прозорците и вратите може да бидат опремени со двојно и тројно застаклување.

180129_RZ_PremiFold_White_Closed_resize

PremiDoor 76

На последниот Fensterbau Frontale, ја дополнивме понудата PremiDoor 88 со PremiDoor 76 варијантата со систем на праг без бариери во стандардната изведба. Двата система на лизгачки врати се вистински погодок во премиум сегментот на пазарот. Ги карактеризираат извонредна топлинска изолација, мошне едноставно користење и многу тенка линиска изведба. Посебен акцент е ставен на крилото „Lux Design“ со изразито ниска висина на профилот од само 40 mm, што овозможува уште поголеми стаклени површини и поголеми соларни придобивки. PremiDoor 76 е систем со континуирана конструкција од пет комори, кој благодарение на својата мала длабочина на вградување од 179 mm е идеален за реновирање и може да прифати стакла до 48 mm дебелина. Тесните видливи ширини на профилот до 65 mm на рамката, 100 mm на крилото и 103 mm на средниот пресек, обезбедуваат висок удел на светлина. Со U-вредност од 1,4 W / (m² K), PremiDoor 76 уште во  стандардната варијанта доаѓа со одлична топлинска изолација за лизгачки врати.

PremiDoor 88

PremiDoor 88 – нашата класика за висококвалитетни премиум лизгачки врати – има длабочина на вградување од 88 mm. Се карактеризира со одлична топлинска изолација U = 1,2 – 1,3 W / (m² K). Со изолационите стакла се постигнува соодветна U-вредност од 0,8 W / (m² K) дури и за пасивни куќи. Вистински благороден производ кој создава фасцинантна оптичка врска помеѓу ентериерот и градината.

Комерцијален текст

Porta 3_resize

Испрати коментар

Scroll To Top