Насловна / Вести / Професори од ФЕИТ преку „спин-оф“ компанија до значајни иновации

Професори од ФЕИТ преку „спин-оф“ компанија до значајни иновации

Smart tek Doo

Група професори од „Електро“ својата идеја ја претворија во готов производ. Направија компјутерски систем кој ќе ги намали сметките за електрична енергија на индустриските капацитети. Со пари од Фондот за иновации ја отворија „Смарт-тек“, академска спин-оф компанија. Планираат нивниот изум да го продаваат и да го патентираат. Тимот професори доби финансиска помош од 26 илјади евра.

„Без помошта на Фондот за иновации, овој уред генерално не би постоел, затоа што финансиските средства коишто ги добивме навистина беа од голема помош. Имавме можности да вработиме други лица, да купиме уреди, материјали за изработка на ваков уред“, изјави Живко Колански, професор на ФЕИТ и управител на компанијата „Смарт-тек“.

smart tek doo1

Директорката Јасмина Поповска апелираше иноваторите да се охрабрат и да ги искористат грантовите од Фондот. На вториот повик, милион и триста илјади евра им стојат на располагање. Интересот бил огромен, најмногу апликации имало во делот на информатиката, земјоделството и градежништвото.

„Моментално се преселектирани 39 апликации, од вкупно 95 кои пристигнаа на овој втор повик. Се надевам дека до крајот на годината ќе ги имаме и другите корисници“, изјави директорката на Фондот за иновации и технолошки развој, Јасмина Поповска. Компанијата „Смарт тек“ е сместена во просториите на Факултетот за електротехника. Таа е една од 16-те компании кои добиле грант од првиот повик на Фондот за иновации. Во овој оглас беа обезбедени 480.000 евра за старт-ап и спин-оф компаниите.

 

Испрати коментар

Scroll To Top