Насловна / Архитектура / Професор Грчев: Тоа не е споменик на Мајка Тереза (видео)

Професор Грчев: Тоа не е споменик на Мајка Тереза (видео)

Професорот Мирослав Грчев по повод одлуката на Влада споменикот на Мајка Тереза да не се руши туку да се пренаменува за што ќе се распише и конкурс до крајов на месецот.

Професорот Грчев беше координатор на работната група при Министерството за култура која требаше да ги истражи и даде препораки како да се справиме со мегапроблемот „Скопје 2014“.

Работната група изработи 15-16 елаборати, добро документирани за поединечни споменици, меѓу кои и за споменикот на Мајка Тереза. Тие елаборати се обработен уште пред две години, предадени во архивите на Министерството за култура, меѓутоа како повратна информација од Владата не е произлезено ништо, никаква акција.

Комисијата за Скопје 2014 година утврдила дека со изградбата на овој споменик се прекршени Законот за градба, Законот за патишта, Законот за просторно и урбанистичко планирање, и Законот за меморијални споменици и спомен обележја.

„Во Република Македонија и тогаш и денеска стои Закон во кој пишува дека споменик може да подигне само и единствено Собранието на Република Македонија. Не да одлучува, тука да подига, преку процедура со бадентерово мнозинство и преку учество и на заедниците кои не се мнозинство во државата, за тоа што ќе се слави како споменик. Владата е ненадлежен орган, и оваа одлука за пренамена е повторно кршење на законот. Криминал не може да се пренамени“, рече професорот во Утрински брифинг.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top